Федерер држи онлајн настава по тенис: Направи го ова ако можеш (видео)

Роџер Федерер тренираше надвор на снег, а штом „пукна сонце“ швајцарскиот ас стави шешир на главата и почна да држи онлајн-настава по тенис.

Првата вежба е на прв поглед лесна, но за великан како Федерер секој тениски потег делува како наједноставна работа на светот. За да биде работата поинтересна, тој испрати предизвик до бројни спортски ѕвезди да го повторат истото.

На потег се Џиџи Буфон, Тони Крос, Том Брејди, Лука Дончиќ, Кристијано Роналдо, Стек Кари, но и Бил Гејтс, The Rock, Хју Џекман и останатите предизвикани, да покажат какви ученици се на оваа онлан-настава по тенис под надзор на „професорот Федерер“.

Се вчитува...