„Федерер е најдобар во својата ера, и тоа нема да се промени…“

Легендарниот тенисер Род Лејвер смета дека Роџер Федерер е без конкуренција најдобар во својата ера, нешто кое нема да се промени.

Лејвер истакнува дека, без разлика дали Ѓоковиќ или Надал ќе го престигнат по бројот на освоени Грандслем турнири, Швајцарецот секако е најдобар во својата ера.

„Овој денешниот тенис не може да се спореди со оној во наше време. Сега е се полесно. Федерер, Надал и Ѓокович да играа со дрвени рекети не би можеле да изведат удари кои сега ги презентираат. Затоа не може да се споредат со тенисери од некоја друга ера и не може да се одреди кој е најдобар во историјата“ – вели Лејвер.

„Се што може да се оцени е кој е најдобар тенисер во својата ера, во времето во кое играч. А, јас тука би го издвоил Федерер, без разлика на се“ – дополнува Лејвер.

Федерер досега има 20 Грандслем трофеи, Надал е на второто место со 19 а Ѓоковиќ е трет со 17 освоени Грандслем титули.

Се вчитува...