Федерер искрен: Имав само среќа, не ја заслужив победата

Роџер Федерер уште еднаш го извлече невозможното. По речиси четири часа игра, Швајцарецот спасувајќи дури седум меч-топки славеше во четвртфиналето на Австралија опен против Сандгрен во пет сета.

На крајот Федерер беше искрен…

„Имав среќа денеска. Сандгрен ја заслужи победата. Среќата ме посака затоа што не контролирав ниту една од тие седум меч-топки кои ги имаше. Факт е дека не ја заслужив победата“ – истакна Федерер по мечот.

Како и да е, си обезбеди место во своето 15-то полуфинале на овој турнир, и покрај силните болки.

„Ме намачија нозете и грбот, но проценив дека може да одам до крај и преживеав. Добро го познавам своето тело, да знаев дека постои ризик сигурно ќе се предадев. И благодарам на публиката за поддршката“ – рече швајцарскиот тенисер.

Се вчитува...