Федерер казнет поради навредите упатени кон линискиот судија

Роџер Федерер доби парична казна поради вербалниот испад кој го имаше во текот на четвртфиналниот дуел на Австралија опен против Американецот Тенис Сандгрен. Роџер ќе мора да плати 3.000 американски долари поради низата на пцовки кои ги упати кон линискиот судија на натпреварот.

Швајцарецот во текот на вториот сет беше посебно нервозен поради резултатското заостанување и по еден поен упати низа навреди кон линискиот судија, малку на англиски, малку на германски јазик. Иако казната е симболична сепак е добра опомена за Федерер кој не покажува често такво однесување и е еден од најдобрите тенисери на сите времиња.

 

Се вчитува...