Федерер скапо ќе го чини операцијата на коленото

Роџер Федерер го очекува пад на АТП листата откако одлучи да го оперира коленото поради што ќе мора да ги пропушти следните четири месеци од сезоната. Федерер ќе ги пропушти турнирите на тврда подлога и земја што значи дека по минатогодишната одлична пролет сега ќе има големи 3180 бодови помалку.

Легендарниот Швајцарец минатата година беше одличен на турнирите во Дубаи и Мајами кои успеа да ги освои, а играше финале на Индијан Велс. На Ролан Гарос успеа да стигне до полуфиналето. Федерер во моментов е трет тенисер во светот со 7130 бода што значи дека по турнирите на земја тој значително ќе го расипе својот ранкинг.

Се очекува 38-годишникот да биде подготвен за турнирот на трева во Хале кој ќе се игра во јуни месец, а потоа да се обиде да стигне и до нов трофеј на Вимблдон.

Се вчитува...