Тениската сезона нема да продолжи најмалку уште три месеци, но Роџер Федерер настојува да остане во форма. Швајцарецот е во изолација заедно со своето семејство, но секогаш наоѓа време за тренинг, дури и кога условите за такво нешто не се најдобри.
Така, денеска во близина на Базел почна да паѓа снег, но тоа не му пречеше на големиот ас да одржи мини-тренинг, и тоа на отворено, удирајќи во ѕидот поставен за тренирање крај неговата куќа.
Федерер наскоро ќе наполни 39 години, но со оглед на формата во која се наоѓа, јасно е дека не планира во блиска иднина да ја заврши својата фантастична кариера.
Making sure I still remember how to hit trick shots #TennisAtHome pic.twitter.com/DKDKQTaluY
— Roger Federer (@rogerfederer) March 30, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА