Фелаини оди на операција, ќе паузира два месеци

Фудбалерот за врска на Манчестер јунајтед, Мароан Фелаини на вчерашното дерби против Тотенхем заработи повреда на лигаментите на коленото и ќе ги пропушти наредните два месеци. По медицинските прегледи е утврдено дека Белгиецот мора да оди „под нож“, Мурињо во круцијален период ќе биде без својот „џокер“.

Фелаини влезе на теренот во 63. минута при резултат од 2-0 во корист на „петлите“, но непосредно по неговото влегување се здоби со повредата, па веќе по седум минути мораше да биде заменет. Првичните претпоставки беа дека Мурињо го направил тоа од тактички причини, но всушност станувало збор за повреда поради која очигледно не можел да продолжи со игра.

 

Се вчитува...