Фелаини реши: Си оди од Манчестер, се сели во Турција

Маруан Фелаини ја одбил последната понуда за нов договор со Манчестер јунајтед и на крајот од сезонава дефинитивно ќе си замине како слободен играч од „Олд трафорд“. За услугите на Белгиецот во овој период се интересираа бројни клубови, а според последните информации негова следна дестинација ќе биде Турција, и тоа екипата на Бешикташ.

Како што информира турскиот весник „Фото Мак“, Фелаини веќе се договорил со раководството на „црно-белите“ од Истанбул, ставајќи го и потписот на преддоговорот со овој клуб.

Белгискиот интернационалец не беше стандарден сезонава кај Жозе Мурињо, но многу често влегуваше во игра како „џокер од клупата“. Покрај него, Јунајтед летово ќе остане и без Мајкл Карик, кој ќе ја заврши својата кариера, па јасно е дека „ѓаволите“ ќе мора да ангажираат нови фудбалери за врска.

Маруан Фелаини дојде на „Олд трафорд“ во 2013 година од редовите на Евертон за сума од 27,5 милиони фунти, оттогаш настапувајќи на 149 натпревари во дресот на „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...