„Фенерџијата“ Шалке стави крај на серијата победи на Унион Берлин

„Фенерџијата“ Шалке 04 стави крај на серијата од пет победи во низа на Унион Берлин во Бундеслигата откако во 21. коло ремизираше без голови во главниот град на Германија.

Овој натпревар беше можност за Унион Берлин да се врати на врвот на табелата и да стигне до предност од два бода пред Баерн Минех, но испушти златна шанса. Шалке 04 пак стигна до значаен бод во борбата за опстанок во елитниот германски фудбал, но и понатаму заостанува шест бода од зоната која носи настап таму и следната сезона.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...