Феникс 2010 без Трајковски на мегдан со Еуро Никел

Суперлигашката кошарка се враќа во етерот денеска од 20 часот и 30 минути со натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ помеѓу Феникс 2010 и Еуро Никел. Во него новлијата кој остана без услугите на Џошуа Вилијамс нема да може да смета ниту на Бојан Трајковски кој влече повреда од натпреварот против МЗТ Скопје.

Овие два тима одиграа два интересни натпревари оваа сезона. Кавадарчани беа убедливи во „Јасмин“, но потоа се намачија да стигнат до победа во „Јане Сандански“ во меч во кој новлијата промаши 13 слободни фрлања, а победникот беше одлучен во самиот финиш.

Во центарот на вниманието денеска ќе биде играта во рекетот каде ќе биде интересно да го видиме одговорот на домаќините против високите играчи на гостите поготово со отсуството на искусниот Трајковски кој со 20.5 поени и 10.1 скок е лидер на новалијата.

Петтото коло со кој ќе биде одбележан првиот дел од Суперлигата ќе биде комплетирано утре со натпреварите помеѓу МЗТ Скопје и Пелистер, односно Гостивар и ТФТ.

Се вчитува...