Феникс 2010 раскина со Вилијамс – до крајот на сезоната само со домашни играчи

Феникс 2010 до крајот на сезоната ќе настапува само со домашни играчи откако новлијата го раскина договорот со Џошуа Вилијамс. Причината е недисциплина која доаѓа од натпреварот со ТФТ, a Американецот е веќе заминат дома со што се отвара уште поголем простор за младите кошаркари.

Вилијамс кој остана единствен странец по трансферот на Двејн Морган во ТФТ, за Феникс 2010 одигра 12. натпревари во кои забележа просек од 12.0 поени, 3.6 асистенции и 3.4 скока.

До крајот на Суперлигата новалијата го очекуваат уште шест натпревари во кои целосна доверба ќе добијат младите кошакари како Митревски, Петков и Стојановски од кои се очекува многу во иднина.

Се вчитува...