Ферхан Хасани потпишува за Тирана

Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани својата кариера ја продолжува во редовите на албанскиот суперлигаш Тирана. Последните информации од Албанија говорат дека веќе е извесен договорот меѓу двете страни кои се пред финиш на меѓусебните преговори.

Како што е познато, 30-годишниот Хасани по завршувањето на соработката со фински Хелсинки претходно информираше дека има понуда од Тирана. Па, согласно најавите истата ќе биде прифатена по прецизирањето и на финансиските детали.

Хасани претходно во својата кариера има настапувано за Шкендија, како и германски Волфсбург, дански Брондби и Ал Раед.

Се вчитува...