ФИФА го блокира трансферот на Хасани во Тирана

Пропаѓа трансферот на македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани во Тирана, поради блокадата од страна на ФИФА за албанскиот суперлигаш, пренесуваат албанските медиуми.

ФИФА донела одлука за забрана за реализација на трансфери овој преоден рок за ФК Тирана поради неплатени обврски кон поранешниот нивни фудбалер, Моктар Сисе. Клубот го загубил судскиот спор од 200.000 евра со африканскиот фудбалер, плус и со одлука за забрана за трансфери се до исплатата на долгот.

Токму поради тоа во моментов е блокиран и евентуалниот трансфер на Ферхан Хасани во редовите на Тирана, која му нуди месечна плата од 12.000 евра.

За Хасани интерес покажа и Партизани Тирана како и неколку косовски прволигаши, но според последните најави е пред трансфер во редовите на индиски Ченајин.

Се вчитува...