ФИФА му забрани на Келн да прави трансфери

Германскиот бундеслигаш Келн, објави дека добила забрана од ФИФА да потпишува нови играчи за следната сезона, како казна за прекршување на правилата при потпишување на 17-годишен играч од Словенија.

Келн во соопштението објави дека е обвинет поради поттикнување на фудбалерот Јака Поточник да го раскине договорот со Олимпија. Келн соопшти дека трибуналот на ФИФА го казнил клубот со парична казна од 51.750 евра, и му забрани да потпишува нови играчи во следните два преодни рока.

Исто така и самиот фудбалер Поточник е казнет со забрана за играње во рок од четири месеци. Клубот соопшти дека ќе ја обжали казната пред спортската арбитража, тврдејќи дека Поточник самиот ја напуштил Олимпија поради многу прекршувања во договорот. Од Келн велат дека немаат ништо со раскинувањето на договорот со Олимпија.

Поточник важи за еден од најдобрите словенечки таленти. Сезонава за младинскиот тим на Келн постигна 13 гола во 19 натпревари. Тој игра и за помладите селекции на Словенија.

Се вчитува...