Националната арена „Филип Втори Македонски“ во Скопје не го менува своето име кое и натаму останува централно за најголемиот македонски стадион, а „Телеком арена“ е име за комерцијална употреба, информираше директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на РМ, Цветко Грозданов.
Грозданов на денешната прес-конференција на која Горан Пандев е промовиран за амбасадор на УЕФА Суперкупот 2017 информираше и дека во иднина ќе бидат вложени шест милиони евра за комплетно средување на арената.
„Официјалното име на нашиот најголем стадион е доделено со одлука од Владата на РМ, и тоа е Арена Филип Втори. А името за комерцијална употреба е Телеком арена“ – рече Грозданов, на новинарски прашања дополнувајќи и зошто постојано арената се затвара за обнова на теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА