Фиорентина има план – Балотели на местото на Пјаца

Марио Балотели е подготвен за враќање назад во Италија, и тоа како член на екипата на Фиорентина. „Виолетовите“ планираат дополнително да го засилат својот напад за вториот дел од оваа сезона, а на самиот врв од листата со желби се наоѓа токму Балотели, кој би пристигнал како позајмен играч од Ница.

Проблематичниот голгетер не е задоволен од игрите на својот тим сезонава, веќе во неколку наврати отворено ги критикуваше соиграчите и тренерот Патрик Виеира, па јасно е дека деновите во Ница му се избројани. Челниците на клубот најавија дека сигурно нема да му го продолжат договорот, а голема е веројатноста дека Ница ќе даде зелено светло за заминување на „Супер Марио“ веќе во јануарскиот преоден рок.

Доаѓањето на Балотели ќе значи и сигурно заминување од Фиренца на Марко Пјаца. Хрватот не ги задоволи вкусовите на стручниот штаб по доаѓањето на позајмица од Јувентус, па „виолетовите“ се подготвени да го раскинат овој договор и да го враќат назад во редовите на шампионот.

Се вчитува...