Фирмино и Салах доволни за лесен триумф на Ливерпул во Саутемптон

Ливерпул дојде до лесна победа од 0-2 на гостувањето против Саутемптон во 27. коло од Премиер лигата, по кој се врати на третата позиција на табелата со 54. минута.

Победата на „црвените“ беше осигурана уште во првото полувреме благодарение на погодоците на Фирмино и Салах. Фирмино погоди уште во 6. минута за водство од 0-1 на асистенција на Салах, а Салах, на асистенција на Фирмино, стрелаше во 42. минута за конечни 0-2.

Ливерпул со 54 бода, заостанува два бода зад второпласираниот Манчестер јунајтед а е на 18 бода од водечкиот Манчестер сити. На четвртата позиција е Тотенхем со 52 бода.

Се вчитува...