ФК Шкендија: Очаен, срамен чин на Вардар… Титула не се освојува со малициозни соопштенија!

По вчерашното соопштение од ФК Вардар во кое раководството на клубот ги прозва ФФМ и Шкендија за наводна ‘однапред договорена титула’ во домашниот шампионат денеска со одговор и од раководството на тетовци. „Вардарци“ се најдоа погодени од одлуката на Комисијата за натпревари да не ја прифати жалбата на Академија Пандев за „случајот младинец“, па преку соопштение најавија и бојкот на актуелното раководството на ФФМ но и на првенството од Првата лига.

На сето тоа одговор од ФК Шкендија од каде нагласуваат дека едно такво малициозно соопштение не доликува на клуб со реноме како Вардар. Сето тоа е само оправдување на актуелното раководство на клубот за лошото менаџирање, катастрофалната сезона во која од тимот замина целокупниот млад капитал а лошата атмосфера и игри донесоа „вардарци“ да заостануваат цели 11 бода во трката за шампионската титула.

Соопштението од ФК Шкендија во ги пренесуваме во целост:

Почитувани љубители на фудбалот,

Во текот на вчерашниот ден по објавата на одлуката на Комисијата за натпреварување на ФФМ околу наводниот “случај младинец”, за жал сосема непотребно повторно нашиот клуб ФК Шкендија Тетово е
инволвиран во најмала рака некоректни, измислени, перфидни, тенденциозни и смешни соопштенија кои овојпат доаѓаат од ФК Вардар од Скопје.

Околу правната оправданост и издржаност на одлуката нема посебно да коментираме бидејќи нашиот став претходно беше изнесен и доволно јасно објаснет за да може секој да го разбере. За жал има и такви кои навистина поради својата правна неписменост и ограничен интелект не се во можност да го разберат, но нема да губиме време, ниту да им го одземаме на читателите и да се трудиме повторно да го објаснуваме кога истите тие лица со таков интелектуален капацитет и ниска правна писменост не се во можност / или не сакаат да го разберат.

Преку ова соопштение единствено сакаме на ФК Вардар да му препорачаме дека во барањето на причини за слабото издание на клубот на спортски план во домашното првенство во оваа сезона исклучиво да го насочи во своите редови и погрешната политика на клубот која доведе 11 бода заостанување зад лидерот ФК Шкендија. Инаку, секое друго истапување во јавност преку било која форма е недозволиво, недолично, срамно и под ниво за клуб како ФК Вардар. ФК Вардар во еден преоден рок ги загуби сите младински репрезентативци, скоро без пари и дозволи единствениот капитал лесно да замине од клубот, а и тој што остана е пред заминување и исклучен од првиот тим, н.з. Дарко Велковски.

За ваше потсетување, успехот на ФК Шкендија во оваа сезона ни малку не е случаен, а најмалку е резултат на некакви “задкулисни” игри и договарања. Дегутантно и непримерно е за ФК Шкендија повеќе да коментира на оваа тема. Разликата од 11 бодови на првенствената табела е направена исклучиво на зелениот терен без ни најмалку помош од никој друг, најмалку од телата и органите на ФФМ, туку исклучиво е резултат на систематска, планска и стручна работа на клубот во изминативе години финансиски поддржана од спонзорот на клубот компанијата “Еколог”. Резултатите се евидентни, како во сениорската екипа, така и во сите младински категории каде екипите на ФК Шкендија се на првото место на табелите во предметните категории. И за ваша информација, ние овде нема да застанеме, туку ќе продолжиме во ист, дури и позасилен ритам со цел ФК Шкендија да прерасне во редовен учесник во групната фаза од европските натпреварувања и дел од врвните европски клубови.

За крај, само накусо, да не останеме должни бидејќи сме повикани во соопштението на ФК Вардар, ќе споменеме дека пишувањата за бојкот на федерацијата и првенството се надвор од здрав разум. Навистина засрамувачки е чинот ФК Вардар да бара преку фингирани случаи без ни најмалку правна основа, да добие приклучок во загубената шампионска трка.

Титулата се добива на зелениот терен, со игра, а не преку малициозни соопштенија. Ние бевме први кои изминатите сезони ви честитаа освојување на титули и никогаш не посегнавме на ваков начин да бараме изговори.

Ви благодариме на вниманието.

Се вчитува...