ФК Вардар, по осум години, конечно со деблокирана сметка

Најтрофејниот македонски клуб Вардар по осум години, конечно со одблокирана сметка на клубот по комплетната исплата на сите долгови кон институции, правни субјекти и физички лица на кои се должеа големи суми средства во минатото

„Се информира јавноста дека сметката на АД ФК Вардар од 09 април 2025 година е одблокирана, со што клубот после цели осум години повторно функционира по сите законски норми и прописи“ – информираа официјално од ФК Вардар.

Клубот информираше и за последните правни субјекти и физички лица на кои се исплатени наталожените долгови: Дарко Панчев – 4.134.855.00 денари, Владица Брдароски – 8.759.744.00 денари, Бендџамин Демир – 6.100.000.00 денари, Михајло Костиќ – 8.834.415.00 денари, Александар Игески – 935.353.00 денари, Фитнес Инфинити – 2.014.562.00 денари, ЕАМ ДОО Штип – 263.006.00 денари.

Се вчитува...