Флик го има најуспешниот старт во историјата на Германија

Селекторот на Германија, Ханс Флик го има најуспешниот старт во историјата на германскиот национален тим, со шестата победа остварена вчера против Лихтенштајн.

Тоа не му успеало досега никому, да има шест победи во првите шест натпревари на клупата. „Четата“ на Флик ги совлада Лихнтештајн на гости 0:2, па Ерменија дома 6:0, следуваше триумф над Исланд со 0:4, па над Романија со 2:1, победа во Скопје од 0:4, и вчера совладан Лихтенштајн дома со 9:0.

Оваа серија може да продолжи и до седмата победа, затоа што Германија гостува во Ереван на „разнишаната“ Ерменија која вчера беше убедливо поразена од Македонија.

Гол разликата на Флик е 27:1 за само шест натпревари.

Претходно најуспешен старт имаше Јоаким Лев кој имаше пет победи во првите меча како кормилар на Германија.

Се вчитува...