ФМП брка нов скалп на фаворит во Кавадарци

ФМП Академија во првото коло приреди изненадување во Кисела Вода, совладувајќи го фаворизаниот Гостивар со 84-75. Избраниците на Александар Петорвиќ одиграа одлично од првата па се до четириесеттата минута на паркетот, ја контролираа играта и заслужено триумфално ја почнаа седзонава.

Сепак, избраниците на Петровиќ се свесни дека нема време за славје, а сите погледи сега се насочени кон Кавадарци каде што младиот состав ќе се обиде да го искористи позитивниот моментум против Еуро Никел.

„Претстојниот натпревар ќе биде доста тежок, бидејќи играме со екипа која во текот на подготвителниот период одигра на многу високо ниво. Сепак притисокот е на нивна страна, а наше е само да излеземе на терен и да уживаме во играта. Изминатиот период беше исполнет со многу турбуленции, но сепак не бараме алиби и спремни сме да искочиме на терен и да ја играме нашата игра. Верувам во соиграчите како и во стручниот штаб и се надеваме на позитивен исход од натпреварот“ – вели Славчо Темелковски, играчот кој на изминатиот натпревар беше на чекор до дабл-дабл учинок со 6 поена и 10 скока.

На победа се радувеше и составот на Горан Самарџиев, кој успеа да го совлада тимот на МЗТ Скопје Уни Банка со 75-79. Потешко од очекувањата, меѓутоа кавадарчани имаат една искусна екипа која во продолжението од сезоната може само да се консолидира и да заигра на очекуваното ниво.

„Очекувам добар натпревар против екипата на ФМП и секако се надевам на победа. ФМП игра одлично под водство на Александар Петровиќ кој е одличен тренер и знае да извади максимум од екипата. Ном ние играме на домашен терен и ќе гледаме да ја искоритиме таа предност. Посакувам добро здравје на сите кошаркари и нека победи подобриот“ – изјави тренерот на тимот од Кавадарци за ЕКИПА .

Натпреварот во „Јасмин“ е закажан со почеток од 18 часот.

Се вчитува...