ФМП не ја дава Кисела Вода: Триумф против Куманово (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ФМП Академија успеа да слави на домашен терен против составот на Куманово со 91-89 во 3. коло од Првата лига, со што „пантерите“ останаа непоразени на домашен терен, запишувајќи ја и првата победа против Куманово.

Подобриот проток на топката и затворањето на рекетот што го натера домаќинот на шут од полудистанца и му донесе предност на Куманово на отварањето на натпреварот па „сино-белите“ поведоа со 4-13. Сепак по тајмаутот на Петорвиќ, ФМП се консолидираше, заигра подинамично од тоа произлезе и влез под обрачот па набргу домаќините се вратија во игра до крајот на првата четвртина. Израмнетата игра продолжи до полувремето. Влезот на Андрејевиќ донесе нова стабилност во гостинскиот тим, Србинот го наполни рекетот на „пантерите“, меѓутоа доброто искористување на грешките на кумановци, и добрата игра во транзиција на бековите ги одржуваше момците од Кисела Вода во игра (42-45).

Првата половина од продолжението од натпреварот не донесе многу промени. Двата тима умешно ги искористуваа грешките на противникот, Куманово не го искористи влезот во проблем во лични грешки на високите играчи на ФМП, Харис и Крстајиќ продолжија со одличното трчање во транзиција, па пред влезот во последната четвртина разлика не се промени. Одбраната беше во преден план во одлучувачката четвртина, а натпреварот го одлучија нијанси. Шутот од далечина, кој не ги служеше двата тима прво донесе предност за составот на Петорвиќ, за на крајот да ги врати кумановци од негатива и изедначи на 88-88 на 24 секунди. Натпреварот влезе во „пенал завршница“ во која најпрво реализираше Харис, а потоа затрепери раката на Црниќ кој промаши три слободни фрлања за конечни 91-89.

Најкорисен играч во домашниот состав со 32 поена и 5 украдени топки беше Стефан Крстајиќ, додека Ронард Харис додаде 19 поени и 5 асистенции. За гостите одличен натпревар одигра Александар Андрејевиќ кој забележа дабл-дабл учинок од 24 поени и 13 скока. Додека како двоцифрени натпреварот го завршија и Јован Црниќ и Горјан Марковски кои забележаа 23 поени, односно 16 поени и 9 скока.

 

Се вчитува...