ФОТО и ВИДЕО: Дерби-победа за Гокси, ноќи неспани за Работнички…

Работнички по огромна битка триумфираше на дуелот против МЗЗТ Скопје, а „центарци“ по мечот победата му се посветија на Горан Костадиновски – Гокси, верниот навивач на „црвено-белите“ кој почина во текот на минатата седмица.

„Песни стихови, цели фермани… ноќи неспани за Работнички… Почивај во мир, Гокси“, пишуваше на транспарентите што се појавија на трибината на „Сити Парк Бојс“, додека ечеше навивачка песна од стихови напишани токму од Горан Костадиновски.

Се вчитува...