Фото-монтажата на ЕКИПА од селекторот Игор Ангеловски во албумот ЕВРО 2020 на „Панини“ (ФОТО)

Сосема очекувано, како никогаш досега, Македонија живее оваа пролет и со култниот фото-албум на „Панини“ пред ЕВРО 2020.

Настапот на македонската репрезентација, првпат во историјата на Европско првенство, предизвика бројни љубители на фудбалот веднаш да се впуштат во собирање на албумот со сликичките на сите учесници на ЕВРО 2020. Се „запалија“ и социјалните мрежи каде кружи интересна сликичка на селекторот Игор Ангеловски кој си најде место во албумот, и тоа со фото-монтажата на ЕКИПА и фотографија на нашиот медиум од  фоторепортерот Роберт Спасовски, објавена уште пред финалето од Лигата на нации против Грузија кога сите заедно го очекувавме настапот на ЕП.

 

Бидејќи селекторите ги нема во албумот на Панини, еден од колекционерите се одлучи токму со оваа фото-монтажа да пронајде место за Ангеловски во култниот албум.

„Затоа што Ангеловски заслужува да го има овде!“ – се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Се вчитува...