ФОТО НА ДЕНОТ: И Столе го доби пивото од Меси

И македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски го доби најавеното пиво од Лионел Меси.

Аргентинската легенда од Барселона се пофали пред неколку денови дека сите голмани на кои им дал гол ќе ги почести со специјално пиво. Нив ги имаа 644, а меѓу нив е и нашиот репрезентативец Столе Димитриевски. Меси му даде гол на Столе пред една година на дуелот меѓу Барселона и Рајо Ваљекано и тоа од пенал.

Па, Столе денеска го доби „сувенирот“ од еден од најдобрите фудбалери во историјата на човештвото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stole Dimitrievski (@stole_gk)

Се вчитува...