ФОТОГАЛЕРИЈА: Дерби за сечиј вкус – многу шанси, два гола и тензија плус!

Шкендија и Вардар одиграа квалитетен дерби натпревар на отворањето на пролетната сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Во натпревар со многу динамика, и шанси на двете страни, Шкендија беше поблиску до триумфот но и поблиску до поразот во исто време. По неискорестените бројни шанси, Вардар ги казни домашните преку Бобан Грнчаров а Бесарт Ибраими го донесе посакуваниот бод за тетовци за одржување на предноста од осум бода.

Од дербито, кое се играше и пред очите македонскиот селектор Игор Ангеловски но и довчерашниот фудбалер на Вардар, Бобан Николов кој беше на трибините, секако ќе се паметат пред се двата погодоци, но останува како квалитет кој ќе зборува за дербито и меѓуиграчката спортска тензија на теренот и атмосферата од трибините плус…

Се вчитува...