Фрајбург имаше милост во вториот дел – го совлада Менхенгладбах „само“ со 0-6 (ВИДЕО)

Фрајбург го порази тимот на Борусија Менхенгладбах на гостински терен со 0-6. Сите голови беа постигнати во првиот дел. Фрајбург застана со давање голови во вториот дел, па остана на тие шест гола.

Егенштајн во 2. минута донесе 0-1, а Шаде во 5. минута погоди за 0-2. Во 12. минута Линарт донесе 0-3, Хефлер во 19. минута погоди за 0-4. Стрелаше Хелер во 25. минута за 0-5, додека Шлотербек погоди за 0-6 во 37. минута.

Овој резултат е нестварен, со оглед дека Борусија Менхенгладбах на домашен терен до овој меч немаше пораз.

Се вчитува...