Фрајбург продолжува со одличните партии во Бундеслигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Фрајбург им се вратија на победите во домашниот шампионат откако во крајно интересен натпревар славеа на домашен терен против Хофенхајм со 2-1 во меч од 24. рунда во Бундеслигата.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Егештајн уште во 5. минута. Гостите успеаја да израмната на 1-1 на стартот на второто полувреме со погодокот на Стилер во 49. минута. Клучниот момент во мечот се случи во 84. минута кога гостите останаа со играч помалку по вториот жолт картон на Кабак, а само пет минути подоцна победничкиот гол за домашниот тим го постигна Доан.

 

Freiburg 1-[1] Hoffenheim – Angelo Stiller 49′ from soccer

 

 

 

Се вчитува...