Фрајбург со пресврт во четири минути до три бода на гостувањето кај Вердер

Фрајбург ја продолжува битката за место во Лигата на Шампиони следната сезона откако во 28. коло од Бундеслигата славеше на гостувањето кај Вердер Бремен со 1-2 по целосен пресврт во натпревар во кој сите голови беа постигнати во второто полувреме.

Филип донесе предност за Вердер Бремен во 47. минута, а 20. минути подоцна следеше моментумот на гостите. Салаи во 67. минута изедначи на 1-1, а Холер го комплетираше пресвртот четири минути подоцна.

За Фрајбург тоа е 50. бод во сезоната со кој се зацврсти на петтото место на табелата со бод помалку од Лајпциг и Унион Берлин. Вердер пак останува на 12. место на табелата со 32 освоени бодови.

Се вчитува...