Фудбалер тргнал на меч, па го погрешил градот – возел седум часа

Невидена ситуација го одбележа вторник вечерта во пониските лиги на англискиот фудбал. Дефанзивецот на Спалдинг Јунајтед, Луис Вајт, направи неверојатна грешка при патувањето на натпревар. 

Тој тргна на гостување против Бери Таун, но се упати кон сосема погрешна дестинација. 24-годишникот од Лестершир патувал сам до стадионот „Гетавеј Карс“ во Сафолк. Наместо да сврти кон Бери Сент Едмундс, тој го внел погрешниот Бери во навигацијата.

Тој го избрал Гиг Лејн, стадионот на Бери во Голем Манчестер. Дури по пристигнувањето ја сфати својата огромна грешка, и мораше повторно да седне во автомобилот, и да се упати кон вистинската дестинација. 

Така, наместо три, Вајт возеше цели седум часа, но на крајот успеа да стигне на натпреварот.

Се вчитува...