Гачевски херој на Енозис – Поранешниот вардарец фати пенал и донесе три бода за својот тим

Филип Гачевски беше херој на својот Енозис во победата против АЕЛ Лимасол на нашиот Давор Здравковски. Поранешниот капитен на Вардар во 16. минута успеа да одбрани пенал кој го шутираше Риера Сито што се покажа како клучен момент во мечот, бидејќи во вториот дел Маисурадзе донесе победа за тимот на Енозис.

Со овој триумф тимот на Гачевски се искачи на 11. место на првенствената табела со 18 бода и веќе четврти натпревар е без пораз. АЕЛ и Здравковски остануваат втори со три бода помалку од лидерот Аполон.

 

Се вчитува...