Гачевски: Против Силекс да не ги повториме грешките од дуелот со Работнички

Фудбалерите на Вардар се подготвени на дуелот со Силекс да го остават зад себе разочарувањето од поразот со Работнички и експресно да се вратат на победнички патеки. Голманот Филип Гачевски е оптимист дека поуките од последниот неуспех се извлечени, а направените грешки нема да се повторат на следниот дуел.

„Анализиравме сето она што се случуваше на натпреварот со Работнички, разговаравме за грешките и се трудиме да не ги повториме. Поразите се дел од фудбалот, но ние мораме да се свртиме понатаму. Сега ни следува нов натпревар на кој што сме максимално фокусирани. Важно е побрзо да го отвориме резултатот, за да си ја олесниме работата. Но, Силекс е една цврста екипа која што игра добро особено во одбраната. Верувам во момците дека сите ќе го дадеме максимумот да дојдеме до победа, и да се вратиме на победничкиот пат. Еден пораз сигурно дека нема да ја расипе атмосферата и нашите планови. На секој натпревар одиме на победа, така ќе биде и во недела“, вели Гачевски.

Се вчитува...