„Гардијан“: Македонија скокна на листата фаворити за ЕВРО 2020, пред Австрија и пред Украина

По синоќешната историска победа против Германија, според еден од најугледните европски медиуми, лондонски „Гардијан“, Македонија напредуваше на листата фаворити за освојување на титулата на ЕВРО 2020.

Македонија има најголем скок на оваа листа од цели пет позиции. Претходно, македонската фудбалска селекција, од вкупно 24 репрезентации-учеснички, беше на 23. место единствено пред Словачка, но сега според пресметките на „Гардијан“ е на 18. место.

Интересно, сега Македонија е пред репрезентациите против кои ќе игра во Букурешт во Групата Ц на ЕВРО 2020, Австрија и Украина. Македонската селекција сега е фаворит пред Австрија и Украина за освојување на второто место во нашата група. На листата фаворити според лондонскиот медиум, Австрија е на 21. место а Украина е на 23. место. Холандија, пак, напредуваше за три позиции, по одиграните квалификациски дуели за СП 2022, и сега е на 13. место на листата фаворит за освојување на европската круна.

Најсериозен кандидат за освојување на европската титула, според „Гардијан“, е Белгија пред Данска, Италија, Англија и Франција. Шпанија е на 6. место, пред Португалија, а Германија назадуваше за цели шест позиции, сега на 8. место.

Фото-монтажа: „Гардијан“

Се вчитува...