Гатузо доби ултиматум од Милан

Многумина се изненадени што Џенаро Гатузо се уште е тренер на Милан. На тимот од „Сан Сиро“ не му оди баш најдобро сезоната поради што се очекува отказ за Гатузо.

Според пишувањата на италијанските медиуми, челниците на Милан веќе го загубиле трпението па на Гатуз му е поставен ултиматум доколку сака да си ја спаси тренерската позиција.

Гатузо има ултиматум Милан во следните три натпревари да ја поправи играта и резултатите, па на крајот од декември ќе се разговара за неговата судбина. Следен натпревар на „миланезите“ е против Фиорентина, а потоа се дуелите против Фросиноне и СПАЛ.

Се вчитува...