Гатузо открива: Игуаин сака да си оди, ако треба ќе го „врзам со ланци“ за да остане

Џенаро Гатузо конечно малку може да биде задоволен по пласманот на Милан во четвртфиналето од Купот на Италија и победата над Сампдорија од 0-2. На мечот Гонзало Игуаин повторно беше невидлив, поради што по мечот секако неговиот трансфер повторно беше тема број еден…

„Имам со него навистина искрен однос. Си ги кажуваме работите во лице, тоа е искреност. Игуаин е цврсто решен да замине, а кога фудбалер ќе донесе таква одлука тешко може да го премислите. Но, ќе се обидам“ – истакна Гатузо и дополни:

„Во моментов тој е фудбалер на Милан, но не знам што ќе се случи. Да е до мене, ќе го викнам кај мене дома и би го заклучил во соба и би го ‘врзал со ланци’ давајќи му храна на секој два-три часа… Но за жал, тоа е невозможно“.

Челси веќе подолг период во Игуаин гледа решение за својот напад. Маурицио Сари веќе не е задоволен од Алваро Мората и Оливие Жиру, па Игуаин е сериозна опција за офанзивата на „сините“.

Се вчитува...