Гатузо со „невидено откритие“: Милан бил во криза!?

Стратегот на Милан, Џенаро Гатузо ги насмеа италијанските медиуми но и комплетната спортска јавност на Апенините со констатацијата по денешниот пораз од Фиорентина (0-1) дека неговиот тим се наоѓал во криза.

„Да, мислам дека се наоѓаме во мала криза. Ова е навистина тежок момент за нас, но мора да останеме присебни и да кажеме дека поразот е последица и на вонредната состојба која ја имавме со многуте повредени фудбалери“ – рече по мечот Гатузо.

На прашањето на новинарите дали е смешно Гатузо по толку време сега да сфати дека Милан е во криза ако се знае дека на последните пет натпревари освои само шест бода, тренерот на „миланезите“ краток:

„Мора да останеме смирени. Не ни се потребни сега нервози и да бараме жртвени јагниња. Има уште многу да се игра, и верувам дека ќе се вратиме на победите“.

Се вчитува...