„Ѓаволите“ го добија Хадерсфилд, деби гол за Алексис Санчез

Манчестер јунајтед оствари очекуван триумф (2-0) над Хадерсфилд на „Олд трафорд“, а новото засилување Алексис Санчез го постигна својот прв гол во дресот на „црвените ѓаволи“. Тимот на Жозе Мурињо се мачеше во првото полувреме, но потоа попушти бедемот на гостите. Лукаку во 55.минута го постигна водечкиот погодок, а во 68.минута беше досуден пенал за Јунајтед. Чилеанецот Санчез не го искористи, но одбиената топка ја испрати во мрежата за 2-0.

Саутемптон славеше победа (2-3) на гости против ВБА, а Брајтон го совлада Вест хем со 3-1.

Резултати Англија: Манчестер јунајтед – Хадерсфилд 2-0, Бурнемаут – Стоук 2-1, Брајтон – Вест хем 3-1, Лестер – Свонси 1-1, ВБА – Саутемптон 2-3.

Се вчитува...