Гери Невил: Донарума е „ѕвер“

Поранешниот ас на Манчестер Јунајтед и на англиската репрезентација Гери Невил, го пофали потегот на Манчестер Сити да го ангажира Џанлуиџи Донарума на местото на Едерсон на голманската позицјиа.

Тој вели дека неговите грешки се нормална работа во фудбалот, но изјави дека му се восхитува на италијанскиот чувар на мрежата.

„Погледнете го Донарума, тој е едноставно ѕвер. Огромен е, кога излегува ги тера напаѓачите да размислат двапати. Фантастичен голман, еден од оние на кои секогаш сум им се восхитувал. Ми се допаѓа и Раја, но никогаш не би го избрал пред Донарума и Алисон. Сакам моќни голмани. Донарума е многу добар во тоа што го прави. Прави и грешки, но ги прави вистинските работи“, рече поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...