Германската јавност гневна бара Лев да биде избркан, од федерацијата веруваат во него

Македонија го шокираше светот со победата над Германија од 1-2 во квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар. Германската јавност е гневна на играта на своите избраници и бараат селекторот Јоаким Лев да биде заменет пред Европското првенство, бидјеќи со ваква игра како што велат нема да ги поминат ниту групите на Еврошампионатот.

Сепак, од федерацијата ги демантираат овие наводи, бидејќи како што велат секако на Лев му завршува договорот до крајот на Европското првенство, па селекторот кој ја донесе мундијалската титула во 2014 заслужува својот мандат да го заврши до крајот.

Германија навистина игра лошо во последно време, а покрај поразот од Македонија кој дефинитивно ја „прели чашата“, минатата година „панцирите“ доживеаја уште еден голем срам кога во Лигата на нации загубија со 6-0 од Шпанија.

Се вчитува...