Германски фудбалер преживеа несреќа: Неговиот автомобил превртен и целосно уништен

Фудбалерот Ричмонд Тачи, доживеа сообраќајна несреќа откако со своето „БМВ“ се забил во заштитна ограда на автопат, а неговиот автомобил се превртел на покрив.

Автомобилот е целосно уништен, но Тачи чудесно се извлекол без ниту една повреда. Според очевидците, немал ниту гребнатинка. Итната помош немала потреба да доаѓа.

Тачи е играч на Падерборн, каде пристигна во оваа сезона. Овој 23-годишен фудбалер во минатото настапувал за вториот тим на Борусија Дортмунд, Викторија Келн и младинските категории на Волфсбург.

Тачи е по потекло од Гана, а има настапи за репрезентацијата на Германија до 19 години.

Се вчитува...