Германскиот репрезентативец не сака во Барселона, сака во Бундес-лигата

Младиот германски репрезентативец, и еден од најбарите во моментов Карим Адејеми, најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Борусија Дортмунд, откако одбил да се пресели во Барселона, која што е заинтересирана за неговите услуги.

Адејеми смета дека е рано за трансфер во Барса, и затоа прво сака да се проба во Бундес-лигата.

Борусија Дортмунд веќе долго време се интересира за него, и гледа како замена за Халанд, кој веројатно идното лето ќе замине во поголем клуб. Адејеми во моментов е дел од германскиот национален тим, и добива шанса од Ханс Флик. Ја доби и во Скопје каде влезе во игра во вториот дел.

Се вчитува...