Германските медиуми едногласни – Срамен пораз од Македонија! (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Македонија по 20 години и го нанесе првиот пораз на Германија во квалификации за Светските првенство откако синоќа во Дуисбург славеше со 1-2. Германските медиуми удрија по Јоаким Лев и неговите избраници опишувајќи го поразот како голем срам за Германија.

Јоаким Лев својот крај на клупата на „панцирите“ ќе го има на Европското првенство летово, а голем дел од медиумите во Германија се едногласни дека со овој тим и ваква игра мали се шансите Германија да се бори за титулата.

 

Се вчитува...