Германците не поднесуваат непочит – бунтовникот заминува од Баерн Минхен

Мајкл Кујсанс во јануари заминува од Баерн Минхен и ќе ја засили Венеција, пренесуваат италијанските медиуми. За 22-годишникот кој на јавноста и стана познат по кавгите со соиграчите и тренерите, како и големото его нема место во германскиот гигант па и покрај раскошниот талент ќе биде продаден за 10 милиони евра.

Францускиот интернационалец во Баерн Минхен е три години, време за кое одигра 13 натпревари и постигна два гола, но наместо по одличните настапи ќе остане запомнет по бунтот за тренинг бидејќи се смета себе си за предобар фудбалер да седи на клупата на минхенскиот тим.

Клубот не го толерира неговиот став, а на трпението му дојде крајот откако на последните тренинзи ги повреди соиграчите Марсел Сабитцер и Свен Улрих. Разговорите со тренерот Нагелсман не вродија плод па донесена е одлука да биде продаден за скромна цена.

Се вчитува...