Главоболки за Тухел – ПСЖ без 11 фудбалери против Ним?

ПСЖ барем на хартија важи за голем фаворит на вечерашното гостување против Ним, но никако не смеат да се занемарат огромните проблеми со составот што ги има тренерот Томас Тухел. Германскиот стратег во најавата за натпреварот обелодени дека нема да може да смета на дури 11 фудбалери.

Анхел ди Марија и Лаивин Курзава се суспендирани по црвените картони на дербито со Олимпик Марсеј, а на повреди се жалат Маркињос, Верати, Дракслер, Керер, Бернат и Икарди. Згора на тоа, Андер Ерера во изминатите денови имаше позитивен текст на Covid-10, додека Дагба и Данило биле во контакт со заразени лица и моментно се наоѓаат во изолација.

„Дракслер, Верати и Маркињос нема да играат против Ним, а се сомневам дека би можеле да ни помогнат и во вторник против Манчестер Јунајтед. Дагба беше во контакт со заразен играч во младинската репрезентација, ќе мора да мине тест, па ќе видиме дали воопшто ќе може да игра. Керер се уште е повреден, Бернат ќе го немаме на располагање уште долго време, а Икарди има болка во коленото. Овие тројца дефинитивно нема да играат ниту против Јунајтед“, истакна Тухел на вчерашната прес-конференција.

Згора на тоа, Нејмар и Мбапе имаа тешки репрезентативни натпревари во средата, па пред Тухел е тешка одлука – дали да ризикува со преморени играчи да настапат на втор меч во рок од 48 часа и да ризикуваат повреда, токму пред почетокот на сезоната од Лигата на Шампионите.

Се вчитува...