Ѓоковиќ е човек-машина: Погледнете како тренира девет дена по операцијата

Новак Ѓоковиќ пред девет дена имаше операција на менискусот во Париз по што му беше препорачано целосно мирување во следните две седмици.

Сепак, српскиот тенисер покажа дека е човек-машина откако денеска на својот инстаграм профил објави видео од тренингот што го мина со својот тренер. Новак делува мотивирано за што поскоро да ја остави незгодната повреда зад себе и максимално подготвен да ги дочека Олимписките Игри во Париз.

А доколку продолжи со вака забрзана рехабилитација, зошто да не и да се појави на Вимблдон, кој ќе стартува на 1 јули.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Се вчитува...