Ѓоковиќ го реши предизвикот, Федерер не може затоа што Мирка е срамежлива

Изминативе денови меѓу тенисерите е посебно популарен предизвикот кој го смисли Енди Мареј. Британецот ги предизвика колегите со своите поубави половини да реализираат „100 размени на топчиња со рекет“.

Предизвикот без проблеми го решија Новак и Јелена Ѓоковиќ, и тоа со детски рекети.

 

Но, на видеозапис од Федерер ќе почекаме затоа што на социјалните мрежи самиот одговори дека не верува дека ќе прифати предизвикот, а причина е неговата сопруга Мирка.

„Сигурно и таа би го исполнила предизвикот, но срамежлива е да се појавува на социјалните мрежи“ – напиша Федерер.

И Мирка во минатото се занимаваше со тенис. Денес комплетно е посветена на семејството, избегнувајќи било какви интервјуа и појавување во јавност.

 

Се вчитува...