Ѓоковиќ ќе донира милион евра за респиратори за Србија

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ заедно со сопругата Јелена ќе донира милион евра за купување на респиратори и медицинска опрема за Србија.

„Сакам да испратам голема благодарност и поздрав до медицинскиот персонал кој со месеци се бори за здравјето на луѓето и се трудат на секој можен начин да им помогнат. За жал расте бројот на заразени. Јелена, јас и мојата фондација одлучивме изминатите седмици да собереме што повеќе информации за тоа за што би било најпотребно да донираме средства. Преку мојот вујко кој има добри односи на кинескиот пазар успеавме да стигнеме до конкретен произведувач на аспиратори од кого чекаме да ни даде конкретна сума која би можела да ја спроведеме преку донација“, изјави Ѓоковиќ. 

Во текот на вчерашниот ден со помош на УНИЦЕФ респиратори за Србија донираше и поранешната прва тенисерка на светот Ана Ивановиќ. Голем дел на познати српски спортисти и помагаат на својата татковина во борбата против пандемијата од коронавирусот.

Се вчитува...