Ѓоковиќ: Коби Брајант ми помогна кога ми беше најтешко…

Новак Ѓоковиќ продолжува со жетвата на трофеи и на почетокот од 2020 година, која српскиот тенисер ќе ја памети и по големата трагедија, во која животот го загуби неговиот добар пријател Коби Брајант. Воедно, српскиот тенисер откри дека во моментите кога имал најмногу проблеми во кариерата, најголемата помош дошла токму од Брајант.

„Еден од најтешките моменти ми беше повредата на лакотот во 2017 година, кога паузирав шест месеци, а потоа ми требаше дополнително време да променат дел од движењата при сервисот. Немав многу време, се соочував со голем притисок, морав да се преиспитам длабоко во себе. Разговарав со бројни врвни спортисти, но Коби Брајант беше тој што ми помогна најмногу. Ми даде одлични совети бидејќи и тој самиот пред крајот на кариерата имаше бројни проблеми со повреди, ми објасни како се носел со тоа, како го балансирал приватниот живот со професионалниот. Неговиот дух вечно ќе живее, доволно е да видите колку луѓе допрел во својата кариера. Можеме да дебатираме кој бил подобар кошаркар, Џордан или Коби, но за мене Коби е најголем по влијанието што го имаше врз останатите спортисти“, вели Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер на првиот меч по трагичната смрт на кошаркарскиот ас на теренот на Австралија Опен излезе со тренерски на кои беа испишани бројките 8 и 24, во чест на прерано починатиот пријател.

Се вчитува...