Новак Ѓоковиќ без никакви проблеми се пласираше во 3. коло на Ролан Гарос по лесната победа во три сета со Шпанецот Роберто Карбаљес Баена.
Но, Ѓоковиќ признава дека за турнирот во Париз го спуштил малку нивото на своите очекувања за да се подослободи од континуираниот притисок по лошите настапи во 2024 година.
„Немав многу победи пред доаѓањето на Ролан Гарос, па морав да ги спуштам очекувањата. Сепак, секако дека и натаму силно верувам во себе и своите способности. Знам што можам да направам“ – вели Ѓоковиќ.
Новак во својот 20-ти настап во Париз се обидува да дојде до својот четврти пехар на овој турнир, и до 25-та грандслем титула во кариерата.
„Што подалеку да се стигне на еден грандслем отсекогаш била моја цел. Така да, така е и сега, одам со секој следенмеч. Се надевам дека ќе испорачам добри игри“ – дополнува српскиот тенисер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА