Ѓоковиќ му се приближува на Сампрас, Федерер испадна од топ 3 на АТП

Новак Ѓоковиќ ја зголеми предноста на врвот на АТП листата, а Роџер Федерер испадна од најдобрите три. Ова се новитетите што ги носи последниот тениски ранкинг објавен денеска. Ѓоковиќ има 10 220  и има 45 бода повеќе во однос на предноста што има имаше во однос на Рафаел Надал минатата седмица. За Ѓоковиќ ова 280-та недела на врвот на АТП и е многу блиску до Пит Сампрас кој има 286 недели на првата позиција.

Роџер Федерер кој го пропушти турнирот во Дубаи го загуби третото место на листата. Сега е четвртопласиран на листата за Доминк Тим кој е на третото место со 7045 бода, Швајцарецот има 6630 бода.

Други промени во водечката десетка оваа седмица нема. Зад Федерер се Данил Медвев, Стефанос Циципас, Александар Зверев, Матео Беретини, Гаел Монфис и Давид Гофан.

Се вчитува...